ВИДЕЛИНА ЗА „МАКЕДОНСКО И ОДРИНСКО – 1893-1903“

Прв превод на македонски јазик од бугарски и промоција имаше книгата „Македонско и Одринско 1893-1903“, издадена во 1904 година во Софија. Станува збор за мемоари за внатрешната организација издадена од градската библиотека “Борка Талески”. Преведувач е писателот Трајче Крстески.

Со стручен и аналитичен приод со користење на табеларни прикази, евидентирани се и документирани сите погроми, страдања, убиства и палежи вршени од турската власт врз македонскиот народ и другото христијанско население, во посочениот период, како и сите борби, афери и отпори кои ги правел македонскиот народ за своето ослободување.

Претставувајќи ја книгата д-р Виолета Ачкоска рече дека станува збор за дело кое треба да го прочита секој Македонец.

– Македонците треба да си ја осознаат сопствената историја во најизворна форма. Трудот, објавен 1904 година зборува за страшната трагедија на македонскиот народ. Тие години се период на насилство која примитивната власт ја вршела во македонскиот народ. Најстрашна е рамнодушноста на европската дипломатија, која не се грижела за овој народ, како  за другите околни народи. И до ден денес македонското прашање, за жал,  не е  решено. Книгата треба да биде поука дека треба да се сакаме, сплотиме, оти само сплотени можеме да ја зачуваме државата – вели Ачкоска.

Од библиотеката велат книгата е дел од проектот за печатење на изданија поврзани со културата и историјата.

– Сакаме да се открие се што се случувало во минатото, а не е доволно познато. Тоа да а биде забележано, документирано и евидентирано за да не исчезне во заборавот на времето. Претходно  ги издадовме монографиите како “Прилепскиот ликовен феномен”,  “Прилепското писмо”, “Македонија револуционери”. Во подготовка е и книгата за Мариово, тритомниот труд од покојниот Милан Ристески, со што ќе биде претставена историјата, културата, фолклорот и традицијата на овој крај. На почетокот на идната година ќе ги објавиме и мемоарите на прилепскиот револуционер Шаќир војвода – вели Петар Петрески, директор на библиотеката.

Loading