Прослава
Во преполната сала од Општинското собрание се прослави 50-годишнината од Општинскиот фудбалски сојуз, најстариот во државата. Се потсети на настаните меѓу 1965 и 1968 година кога поминал процесот од иницијативата, формирањето, до признавањето од ФСМ. Покрај раководството со претседателот Марјан Стојкоски – Манта, секретарот Петре Илиоски, организацијата на чело со Орде Стеваноски, годишнината се одбележа и со присуство на градоначалникот Марјан Ристески и други гости меѓу кои и претставник на ФФМ. Тука беа секогаш подготвените за поддршка Симон Наумоски, Кирил Самарџиоски, Сашо Наумоски, тренерите Круме Митрикески, Благоја Башески, Петар Стеваноски, претставниците од Победа – претседателот Гоце Ингилизов, тренерот Зоран Штерјовски и стоперот Александар Крстески, новинарите Драги Башески, Миле Талески, Атанас Тасевски. Тука беше некогашниот претседател на Победа, Ацуле Забрчанец, највозрасниот фудбалер на Гоце Делчев, Бранко Буштрески и други.
Беа доделени златни и сребрени плакети на истакнати поединци кои дале придонес во фудбалскиот спорт. Се промовира книгата на 180 страници “Педесет години ОФС Прилеп”.