ОУ Рампо Левката
И годинава, традиционално третпат ОУ Рампо Левката беше домаќин на литературно читање за Денот на револуционерната борба. Најзаслужен за организацијата на манифестација е наставникот по македонски јазик Роберт Ристевски, како и членовите на литературната секција. Бројот на учесници од година во година е се поголем, а учесниците се од повеќе региони. Покрај литерати од општинава, учествуваа и ученици од ОУ од општините Долнени, Кривогаштани, Македонски Брод и Крушево.
Учесниците се дружеа, а за најдобрите имаше и награди. Првото место и припадна на Анамарија Димитриеска, втора беше Марија Велкоска и трета Викторија Стојкоска.