Ново меѓународно искуство на прилепските гимназијалци
Веќе втора година, гимназијалци учествуваат на меѓународна младинска размена во Полска како резултат на соработката помеѓу невладината организација Жетва на знаење и Гимназијата “Мирче Ацев”. Гимназијалците Филип Димовски, Матеја Илиеска, Косара Блажеска, Александра Илиеска, Огнен Цветаноски и Бранислав Попоски под раководство на професорот Мартин Наумоски ги посетија Новини Киелце во Полска.
– Ја претставувавме Македонија на семинарот “Express yourself”, семинарот за толеранција, мотивација и тимска работа. Заедно со средношколци од Полска, Португалија и Романија, девет дена се разменуваа искуство, култура и знаења од различни области, а крајниот резултат беше годишен меѓународен календар на кој партиципираа сите учесници – информираат од гимназијата.
Ерасмус + се појавува како покровител на младинската размена, а на гимназијалците им беа доделени сертификати.