Не стивнуваат успесите на учениците од ОУ „Блаже Конески“. Не застануваат, не знаат за умор и не се заситуваат со признанија. Освоија грст награди и последната седмица. Трофеите најмногу отидоа кај спортистите. Најдобрите спортиски не изневерија и овајпат и ја зацврстија позицијата и угледот стекнат со годините.
Витрините на училиштето и градите ги закитија со пехари и медали во тенис.Талентираните спортисти во “белиот спорт” набраа плодови. Тоа беа три места на општинскиот ранг. Најдобриот, Петар Игески го зазеде првото место во “зелениот” тенис, а Мила Игеска беше застана на второто метсо. Нивниот колега Иван Цапески, во поротоколав тенис беше втор.
И џудистите низеа успеси. Храбрата џудистка Сара Павлоска израдува со второто место на општинско ниво.
Коневци” ги надминаа со награди спортистите, ривали, од другите училишта.