Во киното Мис Стон
Од 13 до 15 октомври во киното Мис Стон ќе се одржи 12 издание на фестивалот на новиот германски филм, што ЦК “Марко Цепенков” традиционално го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија.
Фестивалот е под мотото “Сакам филм”. На првиот ден од 20 часот е трагикомедијата “Мед во главата” во режија на Тил Швајгер. Станува збор за незаборавно патување во Венеција.
До 15 октомври ќе се прикажат уште пет филмови, трагикомедии, драми, како и детскиот “Куќата на крокодилот”.
Филмовите се медиум кој придонесува за интеркултурно разбирање.
![]()

