КУП НАГРАДИ

ОУ „Блаже Конески

Detski gradi za medali vo OU B. Koneski

Уште на една група ученици од ОУ „Блаже Конески“, овојпат спортисти, трудот им роди успеси. Се закитија со куп награди без изненадувања, туку во знак на продолжување на традицијата за редење успеси. Овојпат круната на тренинзите дојде кај џудистите. децата во бели кимона освоија седум медали. Јунакот над јунаците е Мартин Петрески. Беше двапати прв. Иста вредност има триумфот на храбрата џудистка Сара Павлоска. Втори беа Христијан Трпкоски и Николче Трајкоски. Со две освоени места, второ и трето, блесна и Михаил Павлоски.

И тенисерката Мила Игеска беше неприкосновена на државниот турнир во Битола. Се пласира на третата позиција. Не í е единствена награда во тенис. Континуирано ниже високи резултати. Според ефектите на мрежата, рекетите и топчињата, отскокнува меѓу ривалите. Извесно е дека í претстои блескава кариера во “белиот спорт”.  

И тркачите на трката Крали Марко Траилс бележеа високи  места. Ученичката Ана Звездакоска беше прва, а веднаш зад неа Александра Стојаноска. 

Loading