Во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Деветтоодделенците од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ учат преку забава, истражувања и експерименти според програмата Кембриџ. Наставата предизвика внимание кај учениците, бидејќи е различна и побудува иновативност во споредба со обичното предавање. Станува збор за совладување на градивото преку забава и игра.
Со помош на наставничката по биологија Лепа Китаноска се направи првиот експериментот за “Факторите кои влијаат на интензитетот на фотосинтезата”. А вториот опит беше за “Зависноста на брзината на фотосинтезата од интензитетот на светлината”.
Новиот метод ги “расони заспаните”. Се вивна љубопитството, дури и кај оние кои “не ја сакаат” биологијата.
![]()

