ПРИСЕТ ЗА ПАРТИЗАНОТ ВЕЉАН НА МАЛА БОГОРОДИЦА

Томе Велјановски – Марулецот ја пишува марулската историја

Rodnata kuka na prvoborecot Novaceski

 

Томе Велјановски – Марулецот продолжува посветено да ја бележи историјата. Секој вишок од пензијата која ја стекнал со макотрпна работа во Гетеборг во Шведска, сака да го употреби и да направи нешто во родното село. Трудољубив како мравка, упорен како крт, речиси секоја година иницира поставување на мермерна плоча на објект со цел да го обележи и зачува за навек. Вели дека усното предание може да замре, но пишаното, посебно поставувањето на обележјата низ селото, нема ниту забот на времето, ниту сонцето и силните дождови да го избрише. Просто речено го маркира секој камен во марулскиот синор. Сака да се обележат трошните камени градби за да се знае што претставувале на времето и за што се користеле. Покрај поставувањето на легенди на градбите, си задал цел да ги означи и вечните почивалишта на марулчани, на луѓето кои оставиле белег за едно време минато. Овојпат со многу емоции зборува за Вељан Димитриов Новачески, партизан кој загинал во 1944 година.

Crkvata matica na marulcani ne samo na Bogorodica

– Роден е 1923 г, а починал како што стои на крстот на  26 ноември 1944 г. во Прилеп за време на заземањето на касарната од партизаните. Женет бил за Цена Мамалигоска, имал едно девојче по име Севда. Дошло време Вељан да оди војска, а таа била болна и  починала два дена откако облекол униформа. За Вељан прочитав во книгата Прилепска хроника на страна 371 таму стои неговото име и презиме под број 9. Крстот бил кај местото наречено Крстот на улицата  “Цане Коњарец”. Кога го насипувале местото, домашните го зеле крстот. Сакам да знаат луѓето кој бил и еве да се “соединат” таткото и ќерката, после 72 години. Неговата жена се премажила и доаѓале  честопати на гробницата. Без негување на спомените, на имињата на луѓето нема опстанок на нацијата. Гробовите и црквата се една историска подлога кој не може никој да ја поништи, ако се негува. Гробиштата се идентитет на еден народ, корен на едно поколение – вели Томе Велјановски, Марулецот.

Pocit na grobot na padnatiot borec od MarulЗа арно или лошо, како што носи времето, речиси секогаш е присутен на денот Мала Богородица кога се слави споменот во црквата Пресвета Богородица. И годинава не само во тремот, туку и под  лозницата во црковниот двор која ја насадила Менка Марковска од Ношпал, која била првата невеста што се венчала во црквата, откако се осветила, се собраа многу марулчани. Со синовите, ќерките, снаите, со внуците, на заеднички ручек и веселба.

Како прв објект за болница, германските воени сили ја зеле црквата Св. Богородица во селото Марул во Првата Светска Војна. Во куќата на младиот паднат борец бил штабот на Втората МНОУБ од 12 до 16 септември 1944 г., Партизаните имале силна поддршка од селото со храна и облека. Од 1997 до 2015 г., таванот и столбовите на тремот се исковани со ламперија и е донесена водоводна мрежа, изградена е кујната и опремена. Оградени се гробиштата со телова мрежа. Во 2011 г. поставена е плоча за престојот на втората МНОУБ. Во 2012 г. постави јарболи, а знамињата ги пречекуваат добронамерниците.

Томе Велјановски иницира поставување уште на пет бисти во Алејата на народните херои. Ги знае и ги има забележано сите воденици во селата Штавица и Марул. Ги знае имињата на сите попови и клисари кои служеле во црквата. Пишува песни и за децата и народните херои.

Ploca deka kukata bila bolnicaВо дворот на црквата Пресвета Богородица, постави спомен плоча во чест на командантот Дончо, славниот и храбар воин од НОБ. Во 2002 г., за сто годишнината од загинувањето на тројцата комити-војводата Окле Ристе, Никола Атанасов и Јован Волче од Врбјани, го уредиле гробот. Ја реновира и училишната зграда. Томе постојано нешто планира. Ги чува спомените од детството. Ја санирал и комплетно ја измалтерил училишната зграда. Училиштето е како црква, како музеј.

Марулчанецот Томе Велјановски, роден е 1945-та, а од 1971 живее во Шведска во Гетеборг со сопругата Спасија, со двата сина и внуците на кои им го разгорува пламенот за Македонија и Марул.

В година, со добра мисла, пак ќе се врати во Прилеп, во Марул, да реализира уште некоја идеја, да постави уште некоја мермерна плоча за навек. 

Stotina iseleni marulci se sobraa za praznikot

Loading