Борење
Во Скопје се одржа големо натпреварување – Светското армиско првенство во борење, на кое боите на Македонија ги бранеше Маја Дејкоска, членка на клубот 7 Мај Леов. Таму постигна одличен резултат, пласман на третото место, што значи бронзен медал. Убав успех. Медалот е прв за државава на вакво натпреварување. Дејкоска влезе во група за да се бори за златото. Сепак, загуби од шампионката од Кина и од второпласираната од Белорусија.
Претходно во Неготино злата на турнирот освоија Барбара Стојкоска и Стефан Стојаноски.