
И додека италијаните постојано инвестираат и развиваат идеи да го разубават култниот модел на фиќото, прилепчани пак, изненадуваат со инвентивноста претворајќи го во кабриолет стариот популарен автомобил од 60-тите години на минатиот век. Познатиот “Фиат 750” кој го имаше речиси секое второ семејство, некој прилепчанец го адаптирал во автомобил без покрив, во кој додека се вози се лелеават косите. Новите генерации на Фиат, веќе имаат нов преден и заден браник, со лед технологија, стилизирани 15 и 16 инчни тркала, современ изглед на инструмент таблата, хромирани делови, нов инфо систем кој се доближува до тач скрин.
Не успеавме да дознаеме колку чинела модификацијата на прилепската верзија на фиќото, ниту за желбата да му даде современ изглед на стариот модел, сопственикот. Преработката на каросеријата предизвика љубопитност додека фиќото беше паркирано пред реклами.
Фотографијата е на “Маркукуле”.
![]()

