Големо Коњари
Можеби на домашниот терен во Големо Коњари, пред домашните навивачи, ќе беше многу поинаку, но на неутралниот мегдан во Битола вицешампионот Шкендија лесно победи со 0-11 (0-6). Беше натпревар од првото коло или 16-финалето на Купот. После ова силите во ФК Големо Коњари треба да се насочат кон третолигашката сезона, која стартува на 11 септември. Клубот е засилен и има амбиции да се пласира ранг погоре, во Втората лига.
Во осминафиналето од Купот е прволигашот Победа, која ја чека денешната ждрепка во ФФМ.
![]()

