Младите брачни двојки имаат нова надеж за решавање на проблемот со згрижување на децата. Во просторот на поранешната виша економска школа, ќе никне градинка. Со тоа ќе се прошири бројот на места за згрижување на децата од предучилишна возраст додека нивните родители се работно ангажирани. Установата ќе овозможи и социјализација на најмалите.
Советот на Општината, на денешната 52 седница, ќе треба да ја донесе одлуката за отпочнување со работа на ЈОУДГ ,,Наша Иднина’’ во објектот во поранешен Работнички универзитет. Јавната општинска установа Детска градинка ќе ги користи просториите во објектот за што советниците треба да се произнесат.
Ќе се формира и Центар за ран детски развој ,,Тризла’’, во состав на детската градинка ,,Наша иднина’’. Просториите наменети за Центарот за ран детски развој ќе бидат во склоп на Домот на урбаната заедница ,,Тризла’’.