Одбојка
Завршува одморот за одбојкарките на ЖОК 11 Октомври и стартуваат првите активности. Официјално почетокот на подготовките е закажан за в понеделник во салата на ДГС Партизан. Петнаесетина одбојкарки, низ редовни тренинзи и неколку пријателски дуели, ќе ја темпираат формата за наредното првенство во Супер младинската лига. Амбициите се достојно претставување на градов во таа конкуренција. Со стручна работа доаѓаат резултатите, а плод на упорноста низ повеќе години се и членките во младата репрезентација на Македонија.
![]()

