Големо Коњари
Убава ждрепка имаше во 16-финалето од Купот, каде третолигашот Големо Коњари ја доби тетовска Шкендија, меѓутоа спектаклот ќе изостане. Причина е што ФФМ не дозволува натпреварот да се игра во Г. Коњари или пак на друг терен во Прилеп. За 31 август пријавен е стадионот во Битола.
– Отпадна и нашиот терен и игралиштето на Могила. Штета. Имавме голема желба да играме во Прилеп или околината. Останува достојно да се спротивставиме на неутрален терен – вели Кронислав Мантароски, претседател на клубот.
Во купот Победа службено го доби мечот со Фортуна од Скопје, по откажување на домаќинот поради поплавеното игралиште.
![]()

