ПОБЕДА СЕ БУДИ СО ВАРДАР

Фудбал

Фудбалот е спорт каде се даваат шанси на послабиот, оти може да одлучи само еден гол, за разлика, на пример во кошарката, каде некогаш не се доволни ниту 100 поени. Ова е важно пред неделното дерби Победа – Вардар во Битола. Двата претходни пораза од Пелистер (0-2) и од Силекс (2-1), со подарен пенал од судијата за кратовци, не треба да го згаснат оптимизмот. Првенството штотуку почна и можни се секакви пресврти. Пример е токму Вардар. Екипата на Гоце Седлоски ја растури Шкендија (3-0), но играше нерешено (1-1) со Шкупи. Во тимот на Дарко Крстески се случуваат измени. На десната бековска позиција наместо повредениот Димитриоски, играше Ристевски, а голема минутажа во средниот ред има кадетот Л. Трајкоски. Во екипата отсутни беа искусните Ацески и Аломеровиќ

Табела: Пелистер и Работнички по 6, Вардар и Ренова по 4, Силекс и Шкендија по 3, Шкупи и Брегалница по 1, Победа и Македнија ЃП 0.

Loading