ФУДБАЛ НА КИНО

Историја

Во осумдесеттите години, кога киното беше голема забава, на големиот екран се пренесуваа фудбалски натпревари. Во декември 1989 година, во киносалата од Домот на културата “Марко Цепенков” беше овозможено следење на неколку меѓународни мечеви, од кои најголем интерес предизвика реваншот од четвртфиналето на купот УЕФА меѓу Келн и Црвена звезда. Влезот не беше слободен, се наплаќаа билети, но сите места во салата за седење и стоење беа зафатени. Изгледаше како преполна трибина. Некои навивачи  дојдоа со црвено – бели знамиња и шалови. Само што се емитуваа првите кадри на огромното платно, присутните се соживеаја и громогласно го бодреа омилениот тим. Се наликуваше како стадион. Имаше аплаузи за добар потег на гостинските играчи, меѓу кои беа двајца на Победа, седум години претходно Илија Најдоски и пет години потоа Драги Канатларовски. Звезда дома победи со 2-0. Се изгледаше добро до 57 минута кога Германците го дадоа првиот гол. Во финишот паднаа уште два гола во истата мрежа и револтот за елиминацијата на југословенската екипа беше искажан врз чехословачките судии.

Поради судиите многу предмети беа исфрлени и се одбија од платното.

Loading