РУСИТЕ ЗЕДОА ТРИ ЗЛАТА ОД МАЛО КОЊАРИ

Моделарство

Mal sport - golem nastan na aerodromot

Успешно е организирана најголемата спортска манифестација, Светскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство на аеродромот кај Мало Коњари. Бројката на 137 учесници од 25 земји доволно кажува за квалитетот собран на едно место. По тридневни летови медалите ги поделија најдобрите во три дисциплини. Според пласманите, најуспешна земја е Русија, со три златни медали.

Во Ф-1-А (едрилици) во конкуренција на 47 моделари, светски првак стана Михаил Ломов (Русија), пред Самуел Захара (Словачка) и Џо Џори (САД). Екипно, најдобра е Полска. Во Ф-1-Б (гуменици), шампион е Дмитро Мерзилаков (Украина). Единствениот Македонец, охриѓанецот Александар Цветаноски, е на 32 место. Во борбата на тимовите, златниот медал го освои Русија, пред САД и Полска, а Македонија е на 13 место. Во Ф-1-П (клипеници), најдобар е Даниел Богомаз (Полска), втор Артур Мојсијади (Украина), а трет Алекс Сталик (САД). Во оваа категорија, екипно најдобра е Русија, пред САД и Украина.

Златен медал секако и за организаторот – тимот предводен од Здравко Тодороски, пред кого е нов предизвик в година, Европскиот јуниорски шампионат. 

Loading