
Веќе исчезна првата прилепска модерна боемска кафеана – Градската кафеана во центарот. Таа сега е казино, а дел од неа други трговски објекти.
Откако се урнаа и се затворија кафеаните во хотелите Јадран и Балкан во центарот, Градската кафеана стана собиралиште на боемите и мајтапчиите. Имаше столици и за бистрење политика, за прогнозирање на резултатите на Победа. Се кроеја и кадровски решенија, се токмеа бизнис планови за социјалистичките фабрики. Уметниците црпеа инспирација низ муабетите со чашка ракија и кафе.
![]()

