ВО ЛЕТО МИСЛАТ НА ЗИМА

ОУ „Блаже Конески“ – активно пред стартот на учебната година

– Во централното училиште, од просторија за фискултура до училница за првачиња

– Компјутери во сите училници во варошкото училиште

Nova prostorija za casovite po fizicko

– Се чека зелено светло за партерно уредување на дворовите во двете училишта

ОУ „Блаже Конески“ не мирува во летниот распуст. Секојдневно се изведуваат активности во централното училиште во Точила и во подрачното во Варош. На високи температури напорно се работи на менување на комплетниот лик на воспитно-образовната установа за спремно да се дочека стартот на новата учебна година.

Од фискултурна сала до “игротека” за прваЧиња

Централното училиште е темелно исчистено. Се реконструираат две училници. Просторијата по физичко и здравствено образование се прилагодува во училница за најмалите – првачињата. Додека пак, просторијата од првачињата се адаптира во мини фискултурна сала, сé со цел учениците да имаат полесен пристап до балон салата, како и тековно да се обезбедуваат термини за часовите по ФЗО. Се изведуваат градежни работи на ходникот на приземјето. Се обработуваат ѕидовите со абрип и гипс картон да се покрие фасадната цигла.

– Не само што ќе се олесни одржувањето на ѕидовите за разлика од фасадната цигла, туку во значителна мерка ќе се подобрат и хигиенските и техничките услови. Средствата се сопствени, а проектот е на ЈП за ПУП – истакна директорката Марија Дулевска.

Се дотерува и надворешниот изглед. Светилките во училишниот парк се заменуваат со рефлектори да блесне училиштетот и да се “облече во ново руво”. Темнината ќе се разбие и околу балон салата. Рефлекторите се дадени на користење од секторот за енергетска ефикасност при локалната самоуправа. Изготвен е и проект за обнова на фасадата и партерно уредување на дворот во централното училиште. Испратена е аплицикацијата до секторот за финансии.

Od fiskulturna sala do ucilnica za prvacinja

СО КОМПЈУТЕРИ ДО ИНТЕРАКТИВНО УЧЕЊЕ

Не е запоставено ниту подрачното училиште во Варош. И тоа доби нова физиономија со бојадисувањето на надворешната фасада во виолетова боја. Внатре се “измачкани” ѕидовите и подовите. За унапредување на условите, во сите училници се инсталираат компјутери и опрема, добиени од Министерството за образование преку проектот “Компјутер за секое дете”. Сето тоа ќе придонесе учениците да имаат еднакви можности за учење и надградба на знаењата.

– Нема да заостанат учениците во варошкото училиште. Со компјутерите ќе се применат иновативни практики во наставата  – додаде Дулевска.

Se postavuvaat kompjuteri vo site ucilnici vo podracnoto   uciliste2

Се очекува партерно уредување на дворот во Варош. Пред три години, училиштето беше темелно реконструирано и со поставување на парно греење на течно гориво. Проектот се оствари со поддршка на локалната самоуправа со два милиони денари.

Останува уште да се добие зелено светло за партерно уредување на дворовите.         

Loading