ПРИСЕТ ЗА ДВАТА ИЛИНДЕНА

Slava na heroite

Најсветлиот ден за македонската историја, 2-ри Август, Прилеп достојно ќе го одбележи. По повод  денот на Републиката, свежо цвеќе ќе биде положено пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, потоа пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, на Ѓорче Петров, на Пере Тошев, како и на Могилата на Непобедените.

Илинден во колективната македонска меморија останува запаметен како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста. И по 113 години од Илинденското востание и идеалите на илинденците се дел од нашето историско минато и дел од визијата за држава на рамноправни граѓани. Ќе се чествуваат и 72 години од АСНОМ, темелот на државноста и сеќавањето на првиот претседател Методија Андонов – Ченто. Илинден 1903 и Првото заседание на АСНОМ 1944 се клучните настани кога е остварен вековниот сон на македонскиот народ за сопствена држава и слобода со стремеж за просперитет. 

Loading