КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ НАЈДОБРИ ВО ХРВАТСКА

Ovacii vo Hrvatska

Со награди се врати КУД „Мирче Ацев“ од турнејата во Хрватска. Успешниот настап им донесе прво место на меѓународниот фолклорен фестивал во Велика Горица. Нашите играорци се закитија со лаври за кореографија и за настап.

Членовите на друштвото се гордеат со врвното претставување на Македонија.

– Орото е јазик на толеранција, култура и соработка низ светот. Долгиот аплауз сведочи дека успеавме да ги воодушевиме посетителите – потенцираат од друштвото.

Со овации беа беа примени изведбите на орото Драчевка.

Друштвото се претстави во Лудбрег, а потоа и на Макарското културно лето. Ги разбуди емоциите раскошниот македонски фолклор и традиција.

Гостувањето во Макарска беше плод на повеќегодишната соработка со фолклорниот ансамбл Темпет, а за успешната турнеја на нашето друштво пишуваа повеќе хрватски весници.

Догодина, КУД „Мирче Ацев“,  во кое  фолклорот го пренесуваат околу 250 членови, ќе одбележи 70 години со многубројни настапи во земјава и странство.

Loading