КЛОКОТИ ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА

Iintenzivirana gradbata na infrastrukturata

Се интензивира темпото на градба на индустриската зона Прилеп 1. Покрај седум-осумте инвеститори кои се при крај со градбата на фабриките, пред финиш се подготовките и на останатите компании, кои купија вкупно 21 парцела за градба на нови погони. Инвеститорите се следени во чекор од локалната самоуправа со градбата на водоводната и канализациската мрежа, патишта и улици до парцелите, подземни други инсталации, струја, и сé друго што е потребно зоната да биде со комплетна инфраструктура.

Се проценува дека во зоната ќе најдат работни местста околу две илјади невработени.

Особено е засилена градбата на сообраќајниците, бидејќи градот доби грант од 130 илјади евра од Светската банка како награда за квалитетно, навремено и брзо окончување на работите на поголемиот проект – влезната авенија – од пумпата Лук оил до крстосницата со кружен тек, Солидност.

Градоначалникот Марјан Ристески истакнува дека средствата од донацијата на Светската банка се користат за целосно завршување на главната улица, која ги поврзува сите погони во индустриската зона Прилеп 1 .

– Паралелно, со средства од локалната власт ќе бидат изградени и тротоарските површини и осветлувањето. Веќе е поставена водоводната и канализационата мрежа, асфалтирани се повеќе улици – вели Ристески.

Тој е оптимист дека дел од инвеститорите ќе ги стават фабриките во погон до крајот на годинава. Очекува уште неколку фирми да фрлат камен темелник за изградба на нови објекти. На штрек се службите на локалната самоуправа. Брзо реагираат на барањата на инвеститорите за обезбедување на документација за старт на градежните работи.

Во индустриската зона Прилеп 1 се градат објекти за лесна и незагадувачка индустрија.

Наскоро се очекува почеток на градежните работи на помали работилници на продадените плацеви во индустриската зона Прилеп 2 кај Сточното пазариште. И на оваа локација се очекува да градат сервиси и други услужни фирми. Плацевите се атрактивни, затоа што се помали по обем и се мошне погодни за микро претпријатија од занаетчиството.

Веќе е проектирана и индустриската зона Прилеп 3 кај Жито Прилеп.

Zavrsni raboti na kanalizacijat

Никна првата куќа во градина

Локалната самоуправа забрзано ја гради инфраструктурата за првиот модул на населбата Градина кај Оранжериите. Населбата е проектирана во првата фаза да се градат индивидуални станбени објекти, особено привлечни за младите до 35 години без покрив над главата. Локалните власти сметаат дека населбата ќе биде интересна со владиниот проект, “Купи куќа за млади”. Неколку десетици плацеви  од по 400 – 500 м2 за по неколку евра од метар квадратен се продадени за куќи со приземје и два ката. Никна и првото живеалиште.

Урбанистите проектираа градинки, училишта, трговски центри, спортски објекти, паркови, зелени површини, детски игралишта и соодветна инфраструктура со водовод, канализација, осветлување, улици, тротоари…

Стимулации за зоните

Finalizacija na pogonite

“Во Македонија досега функционираат пет индустриски зони, Скопје 1 и 2, Кичево, Прилеп и во Штип. Во завршна фаза е формирање на зоните во Струга, Охрид и Струмица. Се размислува за нови зони во Куманово, Липково и Маврово – Ростуше. Досега се отворени 24 компании, од кои 15 се целосно активни, а останатите се во подготовка на старт на производство и на вработување нови лица”.

Ова го изјави премиерот Емил Димитриев, одговарајќи на  пратенички прашања.

Димитриев потенцира дека ефектите од зоните се многукратни во вработувањата и за растот на извозот. 

– Охрабрени сме дека треба да продолжи стимулацијата за отворање зони, бидејќи тргнуваа нови инвестиции и економските ефекти се одлични. Странските компании многукратно влијаат на македонските компании кои се добавувачи. Во зоните можат да градат свои капацитети и македонските фирми – рече Димитриев.

До крајот на јуни 2016 година во развојните зони вработени се 6.500 лица и се очекува зголемување на вработеноста до 7.500 лица.

Од 2014 до 2016 година се инвестирани околу 18,3 милиони евра за инфраструктурата во индустриските зони. 

 

Loading