МЕРМЕРНОТО ЕЗЕРО ЗА СЦЕНОГРАФИЈА ЗА СПОТ

Ezeroto za inspiracija na spot

Мермерното езеро во напуштениот рудник за мермер кај селото Беловодица, не само што стана атракција за летно разладување и љубопитство, туку привлекува уметници за креирање на видео спотови. Природните убавини се импресивна бесплатна сценографија за музичари и филмаџии.

На видело излезе спот, снимен во аматерска техника, крај стрмните бели мермерни блокови и карпи. Неколку девојки со авторите Марко Логаут и диџејот Марио Еди на видео запис ја ставија песната, “Утрински светилки”. Спотот анимира многу гледачи, зашто е зачинет со грациозноста на неколку девојки, кои танцуваат, скокаат и нуркаат во длабичината на тиркизното езеро, во чија заднина се гледаа околните снежно бели спили. Лесните ритам и певливоста декориран со летен амбиент, им легна на увото на младите.

Loading