Рафаел
Ако има уметник кој полека добива внимание на меѓународната сцена, тоа е италијанскиот реге артист Рафаел. Италијанец е од татко Нигерец и мајка Италијанка. Музичката патека тргнала од тинејџер со реге бендот Eazy Skankers во 2002 г. Ансамблот има стотици настапи во живо и два албуми. Првата соло активност насловена “Моето име е Рафаел” е реализирана во 2012 година и продолжена со многу синглови на неколку италијански и меѓународни настани. Кулминација е деби соло албумот од 2013 година. Видеото “зарази” повеќе од 300.000 гледачи. Во 2014 г. на турнејата за албумот имал повеќе од 150 концерти во 15 земји во Европа и Јужна Америка. Годинашната летна турнеја на Рафаел ја опфаќа цела Европа.