НОВИ ШАМПИОНИ ОД КЛУБОТ СОКОЛИ

Гимнастика

Gimnasticarite na Partizan Sokoli

Макотрпната работа на тренерот Златко Ангелески раѓа плодови. Излегуваат на сцена нови таленти, шампиони од клубот Партизан Соколи. На Државниот натпревар од А лигата во Битола освоени се медали со новите генерации гимнастичари. Екипно прво место зедоа помлади пионери во состав: Михаил Митрески, Матеј Тасески, Леонардо Стојчески, Јаков Ангелески, Марио Столески и Андреј Јованоски. Поединечно сите тројца се прилепчани, првиот Михаил Митрески, вториот Матеј Тасески и третиот Леонардо Стојчески. Најдобри се меѓу 34 учесници.  Кај постарите пионери Дамјан Атанасоски одлично извежба за високото четврто место. Кај постарите пионерки и Теа Манеска се покажа со освојување на второто место. Најзвучното име на натпреварот, Дино Бошњак, кај сениорите беше како професор пред ученици, убедливо прв. Кај сениорките, триумф на Ивана Јанкоска – прва, Мартина Јездиќ – втора.

Јанкоска освои трето место на Меѓународниот турнир во Вуковар, Хрватска.

Gimnasticarite na Partizan Sokoli 1

Loading