Прилеп сити
Екипата на Прилеп сити го прослави петтиот роденден во свечена атмосфера под рефлектори на игралиштето Могила. Прилеп сити, како ретко која екипа во државава и пошироко, тренира и игра првенствени и пријателски натпревари навечер, да се избегнат горештините. И во неделата не ги попречи ударниот термин од Европското фудбалско првенство. Се собраа многу гледачи да го поздрават клубот и да го честитаат роденденот. Тренерот Коста Мирчески обезбеди убава торта.
Беше одигран пријателски натпревар, со вклучени разни категории фудбалери, а резултатот е за паметење, со десет гола, 5-5.