ОУ „Блаже Конески“
Балетската група „New Generation“ од ОУ „Блаже Конески“ под менторство на Оливер Богојевски, освои трето место на државниот натпревар за професионален модерен танц, X-Dance фестивал, во Струга. Танчерките не мируваа и по завршувањето на учебната година. Напротив, беа најпофалени за презентацијата, “грабнувајќи” уште една награда.
– Дипломата е акредитирана од Министерството за култура и носи бодови за средно училиште. Децата работат со многу љубов и посветеност – истакна директорката Марија Дулевска.
“Балерините” се вратија со награда и од натпревар во Србија.