– Расте задоволството кај жителите

Летово ќе финишира градбата на вториот парк во населбата Точила 2. Се урбанизира и се разубавува просторот од 20 илјади м2 со зелени површини. Се дотеруваат и пешачките патеки со бекатон плочки и рабници. Се местат и клупи и корпи и друга урбана опрема, за комплетно да се уреди новиот парк во една од најнаселените урбани заедници. Паркот ќе се одржува со техничка вода, за што се ископани бунари и е инсталирана мрежа за наводнување. Планирана е градба и на детски игралишта.
Сé на сé, расте задоволството кај жителите, особено поради новиот лик кој го добиваат пред влезовите на станбените објекти.
Пред две години беше уредена Точила 1 со вложување на буџетски средства од 12 милиони денари.
Паралелно, ЈКП Комуналец подига парковска површина во комплексот згради Бончејца и маалски парк во селото Лагово.
![]()

