Ракомет жени
Ставен е дефинитивен крај на најсиромашната пролетна етапа во женскиот ракомет. Екипата на Прилеп одигра само два првенствени меча, со Пелистер и Овче Поле, еден за куп со Металург и еден пријателски со Кичево. Никогаш ова не се случило. Како да се одржат клубовите без натпревари? Како ли ќе се обучат младите ракометарки, а поискусните да ја одржат формата? Причината е во системот, според кој се оформи плеј – оф од пет тима и плеј – аут од три, наместо да бидат поделени четири со четири. Бидејќи петтото место кое води во Европа “без борба” го доби Пелистер, екипите од долниот дел останаа без мотив и не одиграа ништо. Ова не смее да се повтори.
Екипата на Прилеп одржуваше само тренинзи два – три месеци и пред една недела доби одмор. Тренерот Рубин Богојески најави собир за август.