ТРЕТООДДЕЛЕНЦИТЕ „СИ ИГРАА“ ВЕТЕРИНАРНИ ДОКТОРИ

ОУ „Блаже Конески“

Vo zivo vakcijacija na kuce

Учениците од 3-4 одделение со наставничката Гордана Џокоска од ОУ „Блаже Конески“ имаа настава во ветеринарната амбуланта „Дамески ветерина“. Докторот Панче Дамески, таткото на ученичката Мила, во улога на родител-наставник, предаваше како да се заштитат милениците и што се прави за да бидат здрави. Децата, воодушевени од несекојдневниот час, со љубопитство ја разгледуваа операционата сала за хирушки зафати на домашни миленици во случај на болест. “Начекаа” и во живо вакцинирање на кучиња, а со големо внимание ги следеа прегледите на двете миленичиња. Најсреќни беа кога им беше доверено да прегледуваат, наслушувајќи го срцето и дишењето на кучињата. Задоволни од необичното искуство заминаа почестени со приврзоци со логото од амбулантата. 

{AG}403/koneski{/AG}

Loading