ТКАЕЊЕ НА РАЗБОЈ ВО ПРОКУПЉЕ

СОУ „Орде Чопела“

Vkusuvanje na neolitskiot zivot

Оптичарите Ивана Гелеска, Антонио Наумоски, Тијана Касоска, Сара Трајкоска, Илија Магероски, Христијан Ристески, Симона Бошкова и Ама Марија Митреска, како и нутриционистите Михаела Ѓурчиноска, Хари Димески и Христијан Гаранџов, под менторство на Каролина Дамјаноска и Славица Петровска од СОУ „Орде Чопела“ беа учесници на голема научна журка во најстарата неолитска населба во Србија, Плочник кај Прокупље. Станува збор за заеднички проект со Техничката школа “15 мај” и Архивскиот музеј од Прокупље, кој во едно ги поврзува арехеологијата, физиката, хемијата и астрономијата. Во петте куќички од стапови и кал со разбој, фурни и огниште за печење глина им бил пренесуван животот во неолитската доба пред повеќе од 7.000 години. Имале прилика и да подготвуваат неолитски леб, да изработуваат керамички садови, да топат бакарна руда, да ткаат на разбој, како и да вршат математички пресметки без основни помагала, а пробале и неолитска форензика.

Претходно двете училишта се претставиле. Презентација за Прилеп подготвила професорката Славица Петровска, а за училиштето, нутриционистот Христијан Гаранџов. Несекојдневното искуство го збогатиле со разгледување на Прокупље, посета на Археолошкиот музеј, како и следење на театарска претстава од тамошните ученици.

{AG}403/hemisko{/AG}

Loading