ОУ „Гоце Делчев“

Марко Таневски, ученик во 7 одделение во ОУ „Гоце Делчев“ го повтори ланскиот успех и пак стана државен првак по информатика за апликативни вештини. Преку мултимедијална презентација во Power Point 2016, богата со ефекти, ја изнесол приказната “Големата кражба”, воодушевувајќи ги не само наставниците и учениците, туку и професорите од ФИНКИ на свеченото отворање на натпреварот. Покажал врвни резултати во сите три категории, од изработката на проектот, до писмениот и практичниот тест на компјутер.
Инаку, од десетте натпревари, Марко е единствениот кој бил двократен првак.
– Ме заинтересира информатиката, оти “ми одеше”. Импресиониран сум што може да се направи преку компјутерот. Веројатно влијаеше што и татко ми е информатичар – програмер – вели Таневски.
Менторот Летка Дојкоска со гордост кажува дека резултатите се неизбежни штом талентот се надополнува со труд.
– Со едно кажување, ја сфаќа материјата. Го забележав неговиот талент, особено оти сум му и класен раководител. Секојдневно слушам пофалби од колегите. Не само што успешно ги совладува сите наставни предмети, знае бескрајно да почитува. Тоа е скромно, културно и воспитано дете. Омилен е кај другарчињата. Пример е за ученик – вели Дојкоска.
{AG}403/delcev{/AG}
Таневски од четврто одделение е друшка и со математиката. “Љубовта” ја стартувал небаре шега, но сериозно се определил кога постигнал резултат на натпреварот “Кенгур”. Информатичарот реди успеси и по математика. Годинава беше прв на регионалниот, а на државниот натпревар беше зад првиот. Го чека Олимпијадата. Активен е и на мегданот за англиски јазик. Нема за што не го бидува, но, мака мачи да одбере меѓу двете најголеми страсти – информатиката и математиката.
![]()

