ОУ „Климент Охридски“
Вредните раце на четвртоодделенците со наставникот Цветан Волчески и учениците од повисоките одделенија од ОУ „Климент Охридски“ под координација на Наташа Милеска Михајлоска го украсија училишниот двор со садници од елка и темјанушки. Ликовните уметници со наставникот Влатко Николоски го “развеселија” ѕидот во задниот дел од училиштето со виножито, разиграни деца, пчелички што опрашуваат. Се вклучија и хемичарите со наставничката Цветанка Јочкоска. Собираа пластични шишиња за рециклирање, кои ги обоија во разни колорити, а потоа им послужија за црепчиња за садниците од темјанушки. Не само што до израз дојде едукацијате, туку секој ученик преку договорената задача се чувствуваше одговорен. Покажаа грижа за посадување семе, негување на садница со елка и свест за зачувување на шумите. Учествувајќи во проектот Садница +, насловен “Од семе до ела” за светските денови на акција преку ЕКО-ОХО, се почувствуваа како дел од еден голем проект, а наедно кај секој се поттикна и разви одговорноста за еко свеста.
ОД СМОТРИ ДО СЕНЗОРНА СОБА
За доизградба на сензорната соба во ОУ “Климент Охридски” ќе бидат донирани средствата од продажбата на влезниците за ревијалните смотри. Крајна цел е со комлетна опрема максимално да се искористат способностите на учениците со аутизам, како и со пречки во психичкиот развој и со мултихендикеп и полесно и поуспешно да се оспособат за водење самостоен и независен живот во заедницата.
{AG}403/kliment{/AG}