ГЕРМАНСКИОТ – ЈАЗИК НА ИДЕИТЕ

Uzivancija vo germanskoto iskustvo

Деветоодделенците од ОУ „Добре Јованоски“ и шестоодделенците од ОУ „Гоце Делчев“, иако едните, четири години го изучуваат германскиот јазик со наставничката Катерина Димеска, а другите се “пресни” под менторство на Билјана Најдоска, покажаа дека сé е можно кога нема граници љубовта кон јазикот. Не само што свратија во царството на книги во германската читална при библиотеката “Климент Охридски” во Скопје, туку учествуваа и во интерактивната изложба “Германија во куфер”. Гостуваа и на филолошкиот факултет “Блаже Конески”, запознавајќи се со катедрата за германски јазик и книжевност. Шлаг на “јазикот на идеите” беше уживањето во најновите филмски остварувања за годинава од Германија во кинотеката на Македонија. 

Loading