Женско куп-финале
На теренот „Петар Милошевски“ во Скопје се одигра куп-финалето во женска конкуренција кое го водеше ФИФА-судијата Ирена Велевачкоска со асистентките од Скопје и Гостивар. Делегатот Изеири од Гостивар можеше да биде презадоволен од арбитражата без ниедна грешка. Кога има вакво судење победува подобриот. Така Драгон (Скопје) со 4-0 славеше над Топ гол (Битола).
– Фудбалерките се однесуваа коректно, затоа доделив само еден картон – изјави Велевачкоска.
![]()

