Убавините на Прилеп и можностите за развој на туристички потенцијали беа „сервирани“ пред 300 врвни тур оператори за креирање пакет аранжмани на меѓународната конференција за активен туризам “Adventure NEXT Balkans” во Охрид. Градот се понуди за атрактивна дестинација за авантуристички туризам. Чудесни карпи за искачување на Маркови Кули и Трескавец “искусени” од стотици светски болдеристи на маратонот “Крали Марко болдеринг”, непрегледни височини за прелетување на параглајдеристите, планини за велосипедски трки низ недопрената убавина и дивина низ фестивалот “Мариово фор експирианс”, мото-крос патеки за авантуристички настроените туристи во потрага по адреналин.
За трагачите по возбуди од Северна Америка, Западна Европа, и Азија е спакувана понудата Авантура во Македонија за сите 365 дена.
![]()

