ПОДВИГ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Ракомет мажи

Prilep mu se revansira na OhridДемантирани се сите што сметаа дека Прилеп пролетва е толку ослабен што не ќе може да се спротивстави на силните противнички состави во плеј-офот од Супер лигата. После триумфот над Работнички (26-23), подвигот се случи со Охрид. Гостите водеа со 2-9 кон средината на полувремето, а до одморот прилепчаните израмнија на 11-11. Пресвртот настана во вториот период со заслужена победа од 26-24 на Прилеп. Голманот Рајчиќ имаше 12 одбрани, Бозароски даде седум, Ѓорѓиески шест, а Петкоски пет гола. Планот беше остварен и на наредните два дуела се штедеа силите, со оглед на фаворитската улога на домаќините. Очекувани беа поразите, 49-24 од Вардар и 32-24 од Металург. Шанса за нови три бода е мечот дома со Зомимак на 21 мај, бидејќи викендов е слободен поради финалето од купот.

Табела: Вардар 18, Металург 15, Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 3, Работнички 0.

Loading