ТРАЈКОСКИ НАСТАПИ ВО ФИНАЛЕТО

Турнир во Сараево

Kadetskata repezentacija vo SaraevoКадетската фудбалска репрезентација на Македонија учествуваше на Меѓународниот турнир “Јосип Каталински – Шкија” во Сарево, БиХ, а во нејзините редови беше надежниот играч за врска од Победа, Лука Трајкоски. Тој настапи во првата постава на полуфиналниот дуел со селекцијата на Сараево, што нашите го добија 2-0. Наредниот ден, на стадионот “Грбавица” следеше финалниот натпревар со домашната селекција на Босна, кој заврши со истиот резултат, но во полза на противникот.

Македонија е втора, а за Трајкоски е сребрениот медал.

Loading