СВЕТСКИ КАЧУВАЧИ НА БОЛДЕРИНГ МАРАТОНОТ

Demonstracija na nisko na odenje po lenta  megu karpiДо в недела, Прилеп е домаќин на стотина качувачи на карпи од земјава и од светот на шестото издание на Болдеринг маратонот, Крали Марко на локалитетите Марковите Кули, Камена баба и Трескавец. Погодната конфигурација ги привлекува љубителите на болдерингот, а градот се етаблира на светската карта за екстремни спортови.

Од спортско качувачкиот клуб Златоврв велат дека промовираат  нова атрактивна гранка – движење по лента.

– Покрај качувањето на карпи без помагала, без јаже, туку само со волја, одењето по лента на височина претставува возбудување и концентрација. Со гостите од Словенија имавме демонстрација крај градскиот саат. Страсните качувачи од целиот свет ги предизвкува атрактивната околина – вели Влатко Попантоски од Златоврв.    

Прилеп, со манифестацијата маунтаинбајк, екстремен маратон, параглајдингот и мото крос трките, прераснува во светска дестинација за екстремни спортови, а со тоа го развива спортскиот туризам.

Loading