МЛАДИНЦИ НА ТУРНИР ВО СПЛИТ

Историја

Во октомври 1988 година младинската екипа на Победа учествуваше на престижниот турнир “Прв сплитски партизански одред” во Сплит, Хрватска. Во конкуренција на 12 прволигашки и второлигашки клубови, прилепските надежи го освоија деветтото место. Квалитетот на турнирот беше висок и не можеа да се очекуваат подобри резултати освен високите порази од Нови Сад и Хајдук, додека со реми 2-2 заврши мечот против Раднички Крагуевац. Првото место го освои домашниот Хајдук. Првенствено беше искуството за прилепскиот тим, редовен гостин на турнирот.

При престојот во најголемиот далматински град, беше потпишана повелба за збратимување на ФК Победа со ФК Сплит.

Loading