В среда во театарот
„Хамлет од Горно Дупени“ во режија на Кирил Петрески е новата претстава што премиерно ќе ја одигра дел од ансамблот на театарот в среда на 13 април во 20 ч. Станува збор за гротескна комедија која е од т.н. политички театар.
Претставата е поставена по текст “Хамлет од Долна Мрдуша…” од Иво Брешан. Режисерот вели дека е еден од најдобрите драмски текстови од 1965 година. Затоа бил двапати поставуван на домашната сцена, еднаш во сезоната 1973/74 и вториот во 86/87 во режија на Благоја Дамески. Предизвик бил и за други македонски театри.
– Претставата говори за судирот меѓу идеализмот и локалниот примитивизам, меѓу неможноста од индивидуално делување и расипаноста и подлоста на еден колектив – вели Петрески.
Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски и Михајло Миленкоски.
![]()

