Г. КОЊАРИ ГО ЧЕКА ПАРТИЗАН

Трета

В недела се игра 17. коло од Третата лига – Југ. Најинтересно е во Големо Коњари. Домашниот тим игра со лутиот ривал Партизан Обршани. Двете екипи се со по 16 бода на деветтото и десеттото место. Во прашање е борбата за посигурно место на табелата. Претходно Партизан дома загуби со 1-2 од Победа В., а Големо Коњари со 1-2 на гости го совлада 11 Октомври. На овој меч по водечкиот гол на М. Митрески, се случи пресврт преку Н. Касниоски и А. Божиноски. В недела 11 Октомври пак е домаќин, на Д. Езеро. Екипата на Млекар, после ремито (1-1) дома со Младост У., гостува кај фаворитот Тиквеш.

Табела: Вардар Н. 46, Победа В. 40, Тиквеш 31, Превалец 24, Д. Езеро и 11 Октомври по 23. 

Loading