Не стивнува интересот и по стотина изведби, буи со атрактивност претставата на дел од ансамблот на театарот, „Од кол на кол“, во режија на Коле Ангеловски. Токму затоа утревечер од 19.30 часот ќе се прикажи 106-тото издание на најгледаната комедија во последниве години.
Според надлежните од театарот, претставата се поставува заради привлечноста и огромниот интерес. Веќе осум години се полни салата да се проследат згодите и незгодите во животот на еден таксист, пренесени од актерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Марјан Чакмаксоки, Димитар Вандески и Гоце Наумоски.
Влезниците се по популарна цена од 50 денари.
![]()

