СО ЗНАЕЊЕ ДО МЕЃУНАРОДНА АФИРМАЦИЈА

Упешната пролетна приказна на учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“

– Тим од гимназијата во посета на Риека

– Франкофоните со билет за настап во Бугарија

– Математички успех води до Олимпијада

– Еко ден за среќа на сите

Дека Гимназијата “Мирче Ацев” е расадник на ученици кои постигнуваат врвни резултати во сите области, благодарение на правилните насоки кои ги добиваат од менторите, се потврдува и со последните достигнувања со кои се закитија припадниците на најстарото и реномирано средно училиште. Во таканаречената “пролетна офанзива” на успеси кои ги извојуваа гимназијалците, во овој период од учебната година, се нанижаа успешно спроведениот меѓународен проект во Риека, триумфирањето по математика, искачувањето на тронот со познавањето на францускиот јазик и ширењето на позитивен пример за зачувување на еко-средината.

Првпат македонскиот јазик се изучува како изборен странски јазик во најстарата хрватска гимназија во Риека. Нема поубаво задоволство од чувството да се слушне македонскиот јазик од ученици, на кои не им е мајчин јазик. Во Риечката сушачка гимназија, која постои над 300 години, не само што се негува јазикот што го говори нашата нација, туку, благодарение на проектот за претприемничко учење, се продлабочија пријателските односи и се создадоа поблиски релации меѓу двете гимназии со реноме. Успешната театарска претстава на француски јазик ќе ги однесе гимназијалците на натпревар во Бугарија, во Стара Загора каде освен боите на Гимназијата, ќе ги бранат и симболите на нашата земја. Гимназијалците се “цареви” и за математиката, од која повеќето средношколци од другите училишта, бегаат како од оган. А учениците од бастионот на знаење, наречен гимназија, со името на херојот Мирче Ацев, имаат и изграден сенс и за еко-кампања.

Loading