ПРОСТОРНИ ДИСТАНЦИ НА ТАЊА БАЛАЌ

Изложба во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“

„Просторни дистанци“ е изложбата од 20 дела на Тања Балаќ, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Уметницата првпат изложува самостојно во Прилеп.

Конча Пирковска вели дека делата се поетика на тишината и далечината.

– Изложбата е додаток, суплемент на трагата, на остатокот, од претходната фаза, која стилски суптилно се прелева од геометриски апстрактната, во новата репрезентативна, миметичка фаза. Пастелите во сликарска поетика ја откриваат и ја сокриваат смислата на репрезентираното. Низ стилско прелевање, меланжирање и колажирање, авторот синхронизирано ја удвојува и смислата и еманацијата на појавното, на репрезентираното – вели Пирковска.

Балаќ дипломирала и магистрирала на ФЛУ во Скопје. Од 1991 година е член на ДЛУМ. Покрај сликарството, таа истражува и во полето на новите медиуми. 

Loading