Билјана Бинчев, уметница
„Емоции“ е новиот циклус на слики со кои уметницата Билјана Бинчев првпат се претстави во родниот град. Најновото творештво е презентирано во Кавадарци и во Неготино.
За неа, сублимираното творештво е важен прв чекор, бидејќи се открива пред ликовната јавност.
Делата се израз на емотивната состојба.
– Секоја творба носи приказна преку секој потег со четката и со нанесувањето на боите. Интимата е пренесена на платно. Жената ми е преокупација – додава наставничката Бинчев.
Завршила Педагошки факултет во Битола, а подоцна и ФЛУ во Скопје. Учествувала на повеќе групни изложби, ликовни колонии и член е на ДЛУП и ДЛУМ.
![]()

