БЕЗ ПАРИ ДВЕ ДЕТСКИ ПРЕТСТАВИ

В недела в театар

Kako se stanuva carАнсамблот на театарот в недела без пари ќе ги одигра претставите за деца, „Како се станува цар“ и „Волшебникот од Оз“, по повод меѓународниот ден на театарот за деца. Од 12 часот е претставата „Како се станува цар“,  во која актерите играат приказна за малиот свет на инсектите на царот Дувниветре. Претставата ги афирмира човечките вредности на љубов, другарство, дарежливост, искреност. Играат Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска – Илијоска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Георгиевски и Михајло Миленкоски.

Volsebnikot od Oz za najmladiteОд 17 часот децата ќе може да уживаат во бајката за другарството, “Волшебникот од Оз”. Претставата е мултимедијална, во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска игра. На сцената ќе играат Марија С. Илијеска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Вандески, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…

Инаку, возрасната публика вечерва од 19.30 часот ќе може да ја проследи “Премиера во…”, а утревечер “Човекот кој не знаеше да каже не”.

Loading