КОМПЛЕТНИ ОБРОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИ ЗА 85 ДЕНАРИ

Ideite vo stvarnosta  - Martin AckoskiМартин Ачкоски – раководител на ДООЕЛ ТЕРМИНАЛ

Млад човек со менаџерско искуство неколку месеци е на чело на ДООЕЛ Терминал при Комуналец. Мартин Ачкоски пред Нова година застана на кормилото со заднина како работник во странство, хотелски менаџер во Прилеп и дел од менаџерскиот тим на приватна мешовита компанија. Во CV-то му стои дека дипломирал на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и веќе е постдипломец.

 Дали царинскиот терминал ги задоволува европските стандарди за царинење на стоки?

– ДООЕЛ Терминал на Комуналец е составен од неколку подружници. Царинскиот терминал по сите европски стандарди нуди услуги на целото стопанство во Прилеп и околните општини. Со развој на стопанството и доаѓањето на сé повеќе странски инвестиции се отвара потребата за брзо работење со царинско шпедитерските услуги и потребата од овој вид на терминал за нашиот град. Секако во добра соработка со царинската управа тука е сместена и царинската испостава, која се грижи за навремено прегледување на камионите и возилата.

Terminala po evropski merkiСо каква  техника располага царинскиот терминал?

– Терминалот располага со рампа за детален преглед како и со покриен простор. Тука е и ТИР паркингот кој нуди услуги на сите фирми кои немаат простор за свој паркинг како и на странските превозни средства кои треба да почекаат за повратна тура или сл. Како додатни услуги е бесплатната  интернет конекција за секој посетител на Терминалот.

Em trpezarija em kujna za rabotnicki obrociКои се другите сектори на Терминал?

– Втората подружница е трпезаријата по ХАССАП стандардот на новите гробишта. Таму се подготвува и служи храна по сите стандарди за потребите на граѓаните. Трпезаријата е наменета за граѓаните кои сакаат да дадат ручек за помен или погреб. Со отварањето на капелата пораснаа побарувањата на граѓаните за услугите во трпезаријата со 160 седишта, која работи секој ден од неделата.

Buketi za baketlni ceniЗбогатена е дејноста на Терминалот и со цвеќе?

– Да. Трета придружница е продавницата за цвеќе на новите гробишта. Продавницата нуди вештачко и свежо режано цвеќе, но и саксиско свежо цвеќе, и свеќи. Се нудат и цветни букети, дури и со достава. Заедно со капелата и трпезаријата, претставуваат целина  на дланка на граѓаните.

 

Zbogatuvanje na sodrinite na MogilataКакви се идеите за развој?

– Се оформува мобилната служба за достава на храна (кетеринг), која ќе ги испорача првите оброци во април. Со развојот на стопанството и доаѓањето на странски инвестиции се појави и потребата на оваа служба  за да се искористата расположливите кадровски и технички капациети на кујната. Ќе се нудат готвени оброци по доста поволни цени. Се очекува поголема побарувачка, бидејќи оброк, од леб, салата и главно јадење за компанија со над 15 вработени, ќе изнесува 85 денари. Паралелно во тек е отворање на продавница на Могилата на непобедените, во дрвената ќуќарка, претежно потребни за најмладите. Тие ќе имаат свое катче да ги минат топлите летни денови. Ќе понудиме простор за нивна игра како нишалки, трамболина и сл. Ќе се организира и понуда на кафе и сокови за родителите, додека децата се забавуваат во игрите. Во продавницата ќе организираме и роденденски прослави за најмалите. Во соработка со ЈП ПУП ќе се изнајмува туристичкиот воз посакуван за децата лете.

Има ли уште некоја интересна идеја?              

– Како последна новина за чија реализација ќе биде потребно повеќе време, е оформување на царински склад, наменет за чување на стока која подлежи на царински надзор. Со сé поголемиот раст на лон производството, се појавува потребата за склад каде фирмите, кои немаат свој, со царински норми, ќе можат да ја сместат стоката.

Европски царински терминал

Во градбата на царинскиот терминал, Комуналец вложи околу 400 илјади евра за царинската хала за складирање и преглед, асфалтирање на 5000 м2, инсталација на водоводна мрежа, одвод за фекалните и атмосферските води. Во инвестицијата е и новото столбно и рефлекторно осветлување и инсталацијата на комјутеризираната 50 тонска вага. Изградени се и објектите за царината со потребниот ентериер, ИПСА линија, посебни простории за архивирање. Поставен е видео надзор и озвучување. Изведен е посебен простор  АДР (за опасни стоки) и се направени електронски рампи за посебен влез и излез. Завршена е и контролната кула и се инсталирани стражарниците и пет куќарки со 65 м2. Инвестицијата е согласно законската регулатива, така што терминалот е најмодерен и најголем по површина во Македонија.

Loading