60 ГОДИНИ ВИТАМИНКА – 60 ГОДИНИ СЕЌАВАЊА

Sesttdecenski rast do evropskoto nebo na VitaminkaКомпанијата што го создаде најголемиот свет на вкусови и што е дел од животите на неколку генерации, навршува 60 години работа, производство и создавање на спомени и бесценети моменти.

60 години Витаминка е дел од нас, од нашите сеќавања. Кога ќе се навратиме назад може да се потсетиме на моментите што се посебни за секој од нас, дали се радуваме на својот прв дом, на моментите минати со родителите, на нашите детски лудории, на секој наш роденден. Сите моменти со саканите даваат белег на нашиот живот. Многупати овие убави спомени ги превидуваме и забораваме да уживаме во моментите кои не се враќаат, туку треба да се сеќаваме на нив.

Витаминка го обележува 60 годишното постоење со потсетување на тие важни моменти. Да не заборавиме во убавината на дружењето, на моментите кои сакаме да ги поминеме сами, на родителската грижа, на нашите прослави.

Исто како и секој од нас, така и компанијата има свои моменти на радости. Навидум едноставната приказна, започната пред 60 години во Прилеп, прерасна во гигант во кондиторската индустрија во регионот. Витаминка, македонски бренд по потекло, стана регионален бренд зад кој стојат голем број на производи. Пред 60 години никој не ни помислувал дека малиот производител на црвен пипер некој ден ќе биде ова што е денес – една од најсилните македонски компании. Стоби Флипс, Цевитана, Атлантис и многу други брендови се дел од една македонска визија што стана реалност. Успех каде е отсликано она што Витаминка претставува денес во деловниот свет, компанија со извонредно широка палета на производи, што создала и секојдневно изградува неколку цврсти брендови, македонски производител што е познат и присутен во 30-тина странски пазари и деловен субјект што од година во година бележи раст и позитивни резултати. Покрај позитивниот импакт во националната економија, не помалку важно е значењето на Витаминка во унапредувањето на локалната економија преку огромниот број вработени и дополнителниот синџир на соработници.

Ништо не е случајно, па ниту успехот на Витаминка зад кој стојат шест децении, многу генерации, многу приказни што се раскажуваат и допрва ќе се раскажуваат. Во меѓувреме секој од нас, гледајќи го видеото за 60 години Витаминка ќе се потсети на некои спомени, но и на самото растење на компанијата низ децениите.

Loading